Зачинетото полнење ги прави печурките незаборавен специјалитет: совршени за предјадење, главно јадење или топло бифе за шведска маса!
Ако ви се допаѓа вкусот на печени шампињони, ви предлагаме да ги пробате овие вкусни полнети шампињони со посебен вкус.
Комбинацијата на печурки, крем сирење и спанаќ е толку добра што ќе посакате повторно да го направите ова јадење.
Друга предност е тоа што е брзо за подготовка, така што е совршен избор ако очекувате гости.
- Состојки:
- 20 шампињони
- 2 чешниња лук
- 4 чаши свеж спанаќ
- 220 г крем сирење
- сол, бибер
- 1/4 чаша пармезан
- 1/4 чаша презла
Измијте ги шампињоните и одделете ги рачките од капашињата. Наредете ги капачињата на тепсија со масло, а рачите ситно исецкајте ги и пржете во тава на слаб оган.
Исецканите рачки пржете ги со лук, додадете спанаќ, крем сирење, сол и бибер.
Кога состојките добро ќе се испржат и соединат, земете со лажичка од добиената мешавина и полнете ги капачињата од печурките.
Посипете ги печурките со презла и пармезан, а потоа печете на 190 степени околу 12 до 15 минути.
Погледнете го видеото за подготовка на овој рецепт!