Со цел да се зачува кожата во текот на денот кога е изложена на ветер и ниски температури, важно е да имаме соодветен сон. Докторот Julija Ce вели дека ова е најважниот услов за блескав и убав тен.
– За време на спиењето, кожата се регенерира повеќе од било каков третман за нега. Ако не можете да спиете во континуитет во текот на ноќта, воведувајте колку што е можно почесто дневна пауза. Колку и да сте зафатени, обидете се да дремнете барем половина час.
Не заборавајте дека важно е да се остави чисто лицето при спиење, затоа што шминката ги затвора порите и го спречува дишењето на кожата.
Ако спиете во попладневните часови, отстранете ја шминката барем со влажни марамчиња – советува докторката.