Родителите кои водат стресен живот, освен што со тоа влијаат врз сопственото здравје, исто така влијаат врз здравјето на децата.
Една студија спроведена на Универзитетот Рочестер покажа дека децата на родителите со анксиозност или депресија имаат поголема веројатност да се разболат. Постои и врска помеѓу нивото на стрес кај родителите и активностите кај децата.
Од претходно, беше познато дека стресот влијае на имунолошкиот систем, но ова истражување покажува дека нивото на стрес кај едно лице може да влијае врз здравјето на друго, односно како проблемите на родителите можат да се пренесат на децата.
Беше забележано дека болестите кај децата кои учествувале во истражувањата биле поголеми затоа што родителите биле повеќе изложени на емоционален стрес.