Мојата кујна

Посен колач со вишни

Засладете се за време на постот, со колач кој се подготвува без масло!

Без оглед на фактот дека се готви без масло, овој колач од вишна по вкусот може да се мери и со мрсните колачи.

Состојки:

400 милилитри вода

10 лажици шеќер

18 лажици брашно

Кесичка со прашок за пециво

100 гр пченични снегулки

Четири лажици џем по желба

300 грама замрзнати вишни (може и друго овошје)

Шеќер во прав (за посипување)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во меѓувреме, во поголем сад ставете ја водата, потоа додадете брашно, шеќер, прашок за пециво и пченичните снегулки и добро измешајте се заедно. Потоа додадете џем и замрзнати вишни и се измешајте со лажица.

Обложете ја тепсијата со хартија за печење, истурете ја смесата, распоредете ја рамномерно и печете околу 45 минути.

Извадете го колачот од рерната, оставете малку да се олади, потоа посипете со шеќер во прав и пресечете го.

Пријатно!

Напиши коментар