Убавина

Поштедете ги од високи потпетици!

Доколку носите високи потпетици, добро размислете за здравјето на нозете и стапалата.

На чевлите во кои ногата се лизга нанапред, оставајќи три прста празнина во делот предвиден за петата, задолжително треба да се заборави.

Ако е можно, носете подебели потпетици, бидејќи тие се постабилни за ногата. Чевлите со отворени прсти се пожелни кога е можно, бидејќи тоа го спречува притисокот врз нив.

Цел живот поминат на високи потпетици најчесто ја намалува Ахиловата тетива, поради што постои болка при носење рамни обувки или одење бос.

Поради високите потпетици и мускули на листовите се згрчени, се скратуваат и затегнуваат, што исто така станува многу непријатно на одредена возраст – предупредуваат експертите.

Напиши коментар