Мојата кујна

Посна пројара со кромид

Посна пројара според стар рецепт е одличен предлог за појадок или ручек за време на постот.

Пробајте го овој едноставен рецепт со млад кромид.

Состојки:

800 грама пченкарно брашно

1 чаша зејтин

Млака вода колку што е потребно

Сол по вкус

Три снопчиња млад кромид

Подготовка:

Измијте го и исчистете го кромидот, исечете го на тркалца заедно со перјата, и кратко пропржете на зејтин, само за да го омекнете кромидот.

Истурете го брашното во садот за мешање, направете дупка во средината, а потоа истурете го пржениот кромид кој сте го оставиле да се излади малку претходно. Посолете, и почнете да го месите тестото, додавајќи зејтин и вода.

Кога ќе добиете изедначено тесто, ставете го во садот за печење што сте го обложиле со хартија за печење или во подмачкани калапи за проја.

Печете во рерна загреана на 200 степени се додека не се зарумени.

Напиши коментар