Ова италијанско јадење е посно, и ќе ве воодушеви со аромата и вкусот!
Ви претставиме рецепт за посен италијански специјалитети “pasta ala Norma”. Вкусна е и заситува, а со оглед на тоа што не содржи состојки од животинско потекло, може да ја подготвите во деновите кога е дозволено да се користи масло во подготовка на храната.
Состојки:
600 грама модар патлиџан
400 грама тестенини без јајца
Конзерва со пире од домати (околу 400 грама)
Три чешниња лук
Три средни домати
1 литар супа од зеленчук во коцка
Свеж босилек
Маслиново масло
Сол, бибер
Подготовка:
Измијте го модриот патлиџан, исечете му ги краевите и исечете го на коцки со средна големина. Во еден поголем сад, ставете вода за тестенините да се варат, а во друг супата од зеленчук, а кога ќе зоврие, ставете ги коцките од модриот патлиџан. Гответе го патлиџанот околу осум минути, а потоа процадете го.
Во поголема тава, загрејте го маслиновото масло и испржете го ситно сецканиот лук. Додадете го исцедениот модар патлиџан, доматното пире и доматите исечени на коцки, насолете и забиберете и оставете да се вари на тивок оган. Кога водата за тестенините ќе зоврие, ставете ги тестенините, потоа посолете и варете според упатството на пакувањето.
Процадете ја тестенината, вратете ја во садот, додадете го сосот и посипете со свеж босилек.