Мојата кујна

Посно рижото со печурки

Подгответе вкусен ручек за околу четириесетина минути.

Кога постите, понекогаш едноставно ви снемува идеи за тоа што би можеле да јадете, а има толку многу вкусни јадења.

Еве што можете да пробате …

Состојки:

Две чаши ориз

Глава кромид

600 грама печурки по ваш избор

Децилитар бело вино

Малку мелен ѓумбир

Сол и бибер по вкус

Сув зачин

Малку масло

Подготовка:

Вообичаено згответе го оризот – да биде мек, но не да се развари. Кога ќе биде готов, исцадете го и измијте го со ладна вода.

Ситно исечете го кромидот, а потоа кратко пропржете го на масло, а потоа додадете печурки исецкани на ливчиња и пржете уште неколку минути.

Додај ориз, вино, чаша вода, малку сол, бибер и сув зачин, како и малку мелен ѓумбир. Динстајте додека течноста не испари, а рижотото не стане кремасто.

Оброкот послужете го топол и се препорачува да го јадете со свежа салата.

Напиши коментар