Motherhood

Постарите деца се попаметни

Ако имате постар брат или сестра, веројатно нема да ви се допаднат резултатите од ова истражување …

Една неодамнешна анкета би можела да биде причина за малa семеjна дискусија …

Статистиката покажува дека првородените деца во семејството се поинтелегентни од помладите браќа и сестри.

Заедничка студија од страна на научниците на Универзитетот во Единбург и Сиднеј покажа дека најстарите деца во семејството имаат поразвиени логика, како и подобри резултати на тестовите за интелегенција од нивните помлади браќа и сестри, дури и на многу рана возраст, според британскиот “Gardian”.

Научниците сметаат дека објаснувањето може да лежи во фактот што првородените деца добиваат повеќе интелектуална стимулација.

Иако родителите се обидуваат на своите деца да им дадат исто ниво на емоционална и интелектуална поддршка, најстарото дете секогаш ќе го има нивното безрезервно внимание.

Во текот на студијата, научниците набљудувале речиси 5.000 деца на возраст до 14 години, земајќи го предвид нивното семејно потекло и економски услови во кои тие растат.

Првородени деца имале подобри резултати на тестови, вклучувајќи ги тестовите на читање и речник, што е, како што веруваат научниците, одраз на „ефектот на редоследот на раѓање“.

Но, постои еден „минус“ кога сте најстаро дете во семејството.

Една студија од 2009 година покажа дека децата кои се првородени се соочуваат со речиси двојно поголеми родителски очекувањата за време нашколувањето, во споредба со помладите браќа и сестри.

Напиши коментар