Јan Skácelík е млад чешки уметник чии постери го освоија сите ентузијасти за уредување на ентериерот и за кратко време го обиколија целиот свет – преку Instagram.
Ако ги следите профилите со најубавите „Инста домови“, сигурно забележавте слики со различни графички и уметнички мотиви. Најчести се некои геометриски тела и контури кои личат на човечки форми.
По дипломирањето на графички дизајн, Јан одлучи да влезе во претприемничките води и го отвори студиото Janskacelikart и своето полно работно време и го посвети на неговата љубов, сликарството.
Првата колекција беше создадена во 2010 година како тест проект и наскоро се покажа како целосен хит.
Разиграните постери во топли бои се убав детаљ во секоја соба. Особено сега во пролет, кога многумина ги реновираат и освежуваат нивниот животен простор.
Шарените, весели постери брзо го пронајдоа патот до ѕидовите на познатите блогери и дизајнери на ентериер. Во моментов постојат две категории во веб-продавницата: ПArt Prints i Original Paintings.
Деталите во домот можат да направат голема разлика во истиот момент, а ако зборуваме за украсување на ѕидовите, опциите се безбројни.
Ги следевме трендовите и неколку години наназад, постерите беа истакнати како најголем хит.
Art Prints се графики што доаѓаат во печатено издание и се произведуваат во поголеми количини. Ако сакате да имате уникатна слика, влезете во категоријата Original Paintings и најдете го вашиот фаворит.
Рачно насликаните постери се малку поскапи, но барем сте сигурни дека имате навистина добро парче уметност во вашиот дом.