Убавина

Постои ли разлика помеѓу евтини и скапи шампони за коса?

Најчесто го добиваме она што го плаќаме, но дали тоа е случајот во оваа ситуација?

Поевтините шампони генерално масовно се произведени и најчесто содржат поостри детергенти и хемикалии кои можат да бидат иритирачки за чувствителната коса.

Истовремено, поскапите шампони обично содржат поквалитетни состојки, како што се есенцијални масла, растителните или овошни екстракти, како и растителни производи, вели Сара Г. Алисон, експерт за губиток на косата.

Не е сè во изгледот. Евтин производ може да ја направи вашата коса сјајна за кратко време, но исто така може да предизвика долготрајни оштетувања.

Состојки како парабени, сулфати и силикони се наоѓаат во поевтините шампони и иако овие состојки може да ја направат вашата коса убава и сјајна, тие всушност не го подобруваат нејзиното здравје.

Поскапите шампони побрзо ќе го подобрат целокупното здравје на вашата коса, наместо само да ви дадат наизглед здрава коса, вели Сем Бернет, сопственичка на Hare & Bone салонот.

Типот на шампонот што го бирате треба да зависи од потребите на вашата коса, а не од моќта на вашиот џеб, заклучува Никола Смарт од клиниката Smart Hair.

Напиши коментар