Здраво тело

Постојано ви се јаде нешто слатко: 3 совети за контролиран внес на шеќер

Слатките за повеќето од нас се „сладок грев“ на кој едвај можеме да му одолееме, но што се случува кога стануваме зависни од шеќер и потребата за слатки станува постојана?

Ако консумацијата на слатки стане секојдневна, може да се случи да почнеме озбилна борба со загубата на килограми. Затоа подготвивме неколку совети за вас, што ќе ви овозможи да избегнете прекумерен внес на шеќер во телото.

  • Пазете се од колачиња без шеќер

Ако сакате да јадете нешто слатко, изедете неколку бисквити или ред чоколадо, бидејќи сè е добро, додека е умерено.

Тоа е многу подобро од изборот на производи без шеќер, кои често имаат вештачки засладувачи и ароми кои се поштетни и предизвикуваат глад.

  • Најдете замена за бел шеќер

Кога имате потреба од шеќер, најдобро е да јадете овошје наместо слатки. Најдобрата замена за бел шеќер е овошниот шеќер, кој подеднакво ќе ве држи сити.

Покрај тоа, добра замена се екстрактите од ванила и цимет, кои исто така се добри засладувачи и можете да ги користите за да го засладите кафето.

  • Обрнете внимание на исхраната

Желбата за шеќер се создава ако вашата исхрана се базира на прости јагленохидрати и заситени масти.

Решението е  поголемиот дел од вашата исхрана да се базира на влакна и протеини, кои ќе ве држат сити подолго време и со тоа ќе ја намалат потребата за шеќер.

Напиши коментар