Мода

Постојат три начини да носите венче за коса оваа пролет

Додека Париз беше во љубовна врска со Истокот, двете икони во светот на модата создадоа венче за коса кое сега е препознатлива карактеристика на ерата на Големиот Гетсби.

Coco Chanel и Paul Poiret ја преземаа лентата за глава, која тогаш беше наменета исклучиво за медицински цели.

И покрај долгата пауза на модната сцена, венчето повторно се наоѓа во првите редови, потсетувајќи ја јавноста дека истиот е безвременски парче што лесно се прилагодува на промените како и дека, пред сè, останува практичен израз на секојдневниот стил.

За почетници: Тенка лента во нежни бои која е приспособлива и може да се носи со било кој outfit. Лесно се вклопува во секојдневната комбинација со бела маица, фармерки и затегната пунџа.

За љубителите на модата: Венче со голема димензија е стилски додаток и лесно станува главна точка на секој изглед. Ако е со сомотен или сатенски материјал, станува задолжително дополнување на малиот црн фустан и црвениот кармин.

За Х фактор: Венче со кристали, дијаманти и пердуви е кошмар за минималистите, па затоа се препорачува за следбениците на модните трендови кои се подготвени да ризикуваат. Комбинацијата со голема ролка во бела боја и пренагласени обетки подразбира модна комбинација за ден и ноќ.

Напиши коментар