Bridal

Посвета на бурмата: Како и што да се изгравира на венчалниот прстен

Во прилог на судбоносното „да“, младенците со обврзуваат на  вечна љубов со бурми. Еве предлози како овие брачни симболи да бидат уникатни и уште повредни!

Ако сакате вашите бурми да бидат посебни, а не сте сигурни како да го направите тоа, погледнете ги одговорите на трите најважни прашања за гравирање на прстените.

Зошто да ја изгравирате бурмата?

Со гравирање на бурмите, младенците во секое време ќе имаат можност да се потсетат на убавите зборови или настани поврзани со одреден датум. Исто така, прстените со посвети се уникатни, поубави и повредни!

Дали знаевте дека … Бурмата се смета за најстара карактеристика на бракот, а доаѓа од древниот Египет каде кругот бил симбол на вечност.

Каде да ја изгравирате?

Младенците обично ги гравираат своите посвети во внатрешноста на бурмата. Ако вашите бурми имаат некои детали или циркони, тогаш таа страна е подобриот избор. Сепак, гравирањето, исто така, може да биде интересно и однадвор. Ако сте се одлучиле за традиционални, класични брами, декорирајте ги со ваша посвета и направете ги поинакви.

Што да изгравирате?

Датум – Броевите можат да бидат интересен избор за да ја одбележите вашата бурма. Тоа може да биде датумот на вашата свадба, вашата годишнина од врската или датумот кога првпат сте се запознале. Размислете за датум или број што е подеднакво важен и за двајцата.

Иницијали – Ако преферирате букви, изгравирајте ги иницијалите на вашите имиња. Едноставно, но повторно она што само вас ве поврзува.

Зборови – Кога ќе слушнете некоја песна или стих, и токму на тие два, три збора, помислувате еден на друг, тогаш тоа совршено може да изгледа токму на бурмите.

Отпечаток на прсти – Дали некогаш сте се сетиле дека покрај тоа што го оставате отпечатокот од прсти на личната карта, можете да го направите тоа на своите бурми. Отпечатокот од надворешната страна од прстенот претставува уникатна декорација.

Ако вашата венчавка е закажана, а бурмите веќе купени, ви преостанува уште да изберете само како вашите бурми ќе бидат изгравирани.

Напиши коментар