Новости

ПОТВРДЕНО: Принцот Аким повторно во Америка!

Три децении од кино хитот, пристигнува продолжението на кралската сага од далечната Замунда!

Можеби не се сеќавате точно на деталите од филмот “Coming to America”, но сигурно се сеќавате барем на изјавата на една убавица за време на капењето на принцот Аким или ливчињата од рози кои еден ден се појавија во снегот во сиромашниот дел од Њујорк…

Ливчињата повторно ќе падна под нозете на Еди Марфи и Арсениo Хол, кои во филмот ги глумеа Аким и Семи.

Пред неколку месеци се појавија гласините дека би можело да дојде до продолжение на приказната, а денес тоа беше потврдено од костимографката која освои Оскар за работата на „Црн Пантер“.

„Потврдено е – Аким и Семи на проба“, напиша Рут Е. Картер на социјалните мрежи додека позираше со актерите.

Потсетете се на филмот и чекајте го неговото враќање!

https://youtu.be/5SC_z2orX00

Напиши коментар