Еден начин да се подигне нашата самодоверба е да се визуелизира.
А еве 3 кратки совети со кои ќе успееме во тоа …
Самодовербата е еден од клучните фактори на животот. Ако имаме недостаток на самодоверба, сè изгледа невозможно, тешко и неизводливо.
Еден од начините за подигнување на самодовербата е визуелизација, пишува Sensa.
- УСПЕХ НАМЕСТО НЕУСПЕХ
Визуелизацијата на одредена ситуација создава емоции и физички реакции кои што навистина се случуваат. Затоа е важно да ја практикуваме визуелизацијата на успехот наместо неуспехот.
Ова може да го посматрате како генерална проба пред шоуто и фантазијата ќе ви помогне да му се доближите на она што треба да го направите.
Исто така ги намалувате негативните мисли со фокусирање на позитивните резултати.
- УСПЕШНО СЦЕНАРИО
Запишете одреден проблем или ситуацијата која ве мачи. Потоа запишете го најдоброто сценарио: што би направиле вие, што би направил друг учесник …
Прочитајте го наглас запишаното сценарио.
- КЛУЧНИ РАЗМИСЛУВАЊА
Д-р Hiberd и Џо Асмар во книгата „Самодоверба и како да ја стекнете“, препорачуваат да ги замениме анксиозните предвидувања со реални и да ја примениме техниката на визуелизација, за да завземеме позитивен став.
Исто така е важно да имате слика од себе во најдобро издание, и кога и да сте анксиозни и несигурни, да се запрашате „Како би постапила оваа моја верзија?“