Кога ќе се спојат гените на Beckham и моќта на Eleven, ќе се добие овој спој!
Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Ромео (16), наводно, е во врска со младата актерка и ѕвезда на серијата “Stranger Things”, Мили Боби Браун (15).
„Сè уште е рано, но баш се сладок пар. Пош даде зелено светло за оваа врска, бидејќи е големиот обожавател на Мили“, изјави изворот за “The Sun”.
Значи, ако се прашувате дали мама Викторија се согласува со потенцијалниот избор на синот кога станува збор за девојка, не грижете се.
Мили и Ромео се запознаа уште во 2016 година, а актерката честопати изјави во интервјуата дека е голем обожавател на Ромео, додека и двајцата си ги коментираат сликите на Instagram.
Додека средниот син на Бакем досега немаше девојка позната за јавноста, Мили до јули 2018 се забавуваше со американскиот пејач Џејкоб Сарториус (15).