Овој човек сигурно знае како да се спакува, а заштедува и пари.
За да не плати дополнителен куфер, тој дизајнирал начин да спакува огромна количина на работи во рачниот багаж.
Том Ајзенберг е ИТ консултант и блогер, а неговиот совет за практично пакување беше видено од повеќе од осум милиони луѓе. Тој успеа да спакува во рачниот багаж работи што се доволни за еден месец.
Овој 28-годишник, трикот за практично пакување го научил од неговата мајка.
– За да заштедите простор, прво рамно поставете ги сите ваши алишта, за ногавиците и ракавите да ви ѕиркаат од торбата. Потоа превиткувајте ги едни над други.
Вака никогаш нема да морате да направите избор на работи за патување – рече Том.