Мода

Предмет на копнеж: Фустанот Cannes со потписот на познатата скандинавска блогерка

Тешко ни е да одлучиме дали сакаме бела или црна опција …

Најновата колекција на познатата скандинавска блогерка Celine Aagaard која стои позади брендот Envelope1976, со симболичко име Vol.2, беше лансирана во почетокот на февруари.

Во последната колекција, скандинавскиот минимализам доби еден ефективен медитерански бохо вајб, а најдобар пример е фустанот Cannes кој доаѓа во црна и бела опција.

Селин, инспирирана од седумдесеттите години, како и луксузното модно место, создаде фустан кој совршено им одговара на сите дами, без оглед на нивниот личен стил и фигура.

Фустанот е изработен од сјајна свила, достигнува до глуждовите и има V отвор. Сепак најубавиот детаљ на овој фустан се малите бисерни копчиња, обложени со истата свила и кои ја следи линијата на копчање и деколтето и се појавуваат на полу-puff ракавите.

Ова не е само безвременски модел, туку и класика во својата најелегантна форма.

Селин Агаард е некрунисана кралица на северноевропската модна, уметничко-дизајнерска сцена, креативен директор, сопственик и основач на брендот Envelope1976, стилист, фотограф, автор на три книги и многу повеќе.

Напиши коментар