Новости

Премина на актерот?

Lady Gaga, наводно, во врска со нов актер, го познавате од  филмовите на суперхероите!

За љубовниот живот на Стефани Џерманоте, попозната под името Lady Gaga, се зборува нашироко во последниве месеци. Најпрво ја раскина веридбата со агентот, Кристијан Каринo, а потоа го одржа ОНОЈ настап со Бредли Купер, а сега ја поврзуваат со друг актер.

Станува збор за Џереми Ренер (48), актер номиниран за Оскарите за филмовите „Катанец за болка“ и „Град“.

Тој и 16-години помладата пејачка, наградена со Оскар, биле видени за време на неколку „романтични прошетки“, пишува Пипл.

Во филмовите на Марвел Студио, Џереми глуми „Око соколово“, еден од тимот на Avengers.

Го познавате од „Невозможна мисија“ и новиот “Born” серијал.

Ренер беше во брак со моделот Сони Пачеко само една година, а со неа има петгодишна ќерка, Ава.

Манекенката со започнувањето на тужбата за развод, ги изнесе на виделина „валканите алишта“ од нивната врска, наводно, за да извлече повеќе пари за алиментација од актерот.

Наскоро ќе го видиме во новиот “Avengers”, погледнете го трејлерот!

 

Напиши коментар