Motherhood

Претставување на новиот партнер

Без разлика од која причина вашата врска со родителот на вашето дете е завршена, носењето нов партнер кај детето е секогаш стресно.

Погодувањето на вистинското време е неопходно за детето со новиот партнер да изгради убав однос.

Немојте да го запознавате вашето дете со новиот партнер, освен ако сеуште не е навикнато на фактот дека сте сами.

На децата им треба време да се приспособат и да прифатат дека веќе не сте со нивниот родител, дека таа врска е завршена, и треба да им се даде доволно простор за тоа.

Негативноста што се должи на разводот ќе се зголеми дополнително доколку вклучите некој трет во тоа.

Во тој случај, ќе ви треба многу време, а можеби никогаш детето нема да можете да го убедите дека ова трето лице не е причината за разводот.

Првиот состанок ќе функционира најдобро ако вклучува активност, на пример, куглање или одење во зоолошка градина.

Состаноците треба постепено да се воспостават и да не се претерува во нивниот број, дури и ако детето добро го прифати новиот партнер.

Напиши коментар