Sweet Home

Претворете ја старата спална соба во нова во само 7 чекори

Можете лесно да ја трансформирате старата спална соба во атрактивна соба низ седумте едноставни чекори наведени подолу и да создадете луксузен и удобен рај за себе.

-1- Организирајте – Спакувајте го она што не го користите. Имајте цел на ум – удобна и убава спална соба. Значи треба да се ослободите од непотребните нешта.

-2- Кревет – Креветот е главен предмет во спалната соба и треба да биде централен дел од собата. Изберете постелнина и бои во кои уживате, и дизајн кој одговара на вашата личност. Ако сте љубител на животни, размислете за зебра дезен. Ако сакате градини, пробајте нешто цветно.

-3- Прозорци – Не преоптоварувајте ги прозорците. Прекрасна завеса може да ја претвори спалната во атрактивна и топла, но ако ги ставите завесите во премногу слоеви, украси и бои, ќе ја загушите собата.

-4- Осветлување – Постојат многу различни светилки на пазарот. Додадете светилки кои одат со постелнина или завесите, кои ќе го комплетираат вашиот нов стил.

-5- Бои – За визуелно да добиете поширок простор, изберете светли бои, а ако просторијата е доволно голема, одберете ја бојата што најмногу ја сакате.

-6- Под – Доколку сакате модерен изглед, избегнувајте теписи, но ако сакате богат и топол изглед, изберете квалитетен тепих. Важно е да знаете дека темните бои на тепихот ќе го направат просторот да изгледа помал.

-7- Декорација – Декорацијата ќе и го даде последниот допир на собата, но не претерувајте со декорација. За да не го пренатрупате просторот со бескорисни работи.

Напиши коментар