Убавина

Причините за предвремено појавување на брчки се скриени во нашиот животен стил

Една од најголемите beauty заблуди е дека брчките се појавуваат само откако ќе поминete триесет години.

Вистината е дека тие се знак на стареење на кожата, но можеме да ги предизвикаме со нашата несоодветна грижа и пред да наполниме 30 години.

Голема улога, кога станува збор за појавата на брчки игра и генетиката, но многу зависи и од начинот на живот што го водиме. Може да звучи чудно, но многу од причините за предвремени брчки се скриени во нашиот животен стил, а тука се и некои од нив.

Мрзеливост

Можеби не сте знаеле, но недоволната физичка активност често може да биде причина за предвремени брчки.

Дерматолозите тврдат дека кожата на луѓето кои се активно вклучени во спортот , неспоредливо побавно старее, отколку кај мрзеливите лица кои ретко кога имаат контакт со некоја позначителна физичка активност.

Поминато многу време пред вашиот компјутер

Без разлика дали работите за компјутер или тоа е вашиот начин на забава, несомнено и штети на вашата кожа.

Светлината, која ја емитира компјутерскиот екран, не и одговара на кожата на лицето, и додека гледате во фокусот на вашиот компјутер, нежно ги собирате очните капаци. Ова ја стимулира појавата на брчки меѓу веѓите и во надворешните делови на окото.

Го чистите лицето премногу често

Со пречесто чистење на лицето, ќе го отстраните природниот слој на себум, чија главна улога е хранење и хидратација на кожата, а кожата која не е доволно хидрирана ги покажува првите знаци на стареење.

Често правите гримаси

Неприродната фацијална експресија, доведува до собирање на очните капаци, подигнување на образите и собирање на кожата на челото, а сето тоа може да резултира со појава на брчки во споменатите делови на лицето.

Најчестите брчки се резултат на секојдневната смеа и муртење.

Напиши коментар