Оваа каша, исто така, ќе има добар ефект врз вашиот дигестивен систем, а воедно ќе добиете оброк кој ќе ве задоволи.
СОСТОЈКИ ЗА ПОСНА КАША СО ОРИЗОВО МЛЕКО:
6 лажици овесни снегулки
500 мл оризово млеко
3 зрели банани
100 гр мелени или сецкани ореви
2 лажици шеќер
2 лажици мед
1 лажичка цимет
ПОДГОТОВКА НА ПОСНАТА КАША СО ОРИЗОВО МЛЕКО:
Изгмечете две банани во чинија со вилушка.
Во помало тенџере загрејте го оризовото млеко, додадете овесни снегулки и шеќер и варете на умерена температура 2-3 минути.
Потоа додадете ги оревите и бананите, измешајте и варете уште 2-3 минути додека мешавината не стане кашеста.
Тргнете го од ринглата, почекајте додека не се излади малку, а потоа додадете мед и цимет, поделете на два дела, додадете тркалца од преостанатата банана и послужете.