Motherhood

Приспивните песни станале минато

Има се помалку родители кои ги заспиваат своите деца со песни, онака како тоа го правеле нивната мајка и татко.

Овој вечерен ритуал полека заминува во минатото – покажа студија објавена во списанието Psychology of Music.

Истражувањето покажа дека само една третина од родителите им пеат приспивни песни на децата под петгодишна возраст.

Научниците дошле до заклучок дека 70 проценти од оние кои ги успиваат децата на овој начин се постари од 45 години, што значи дека помеѓу помладите песничките веќе не се во мода.

Експертите тврдат дека децата се во загуба, затоа што приспивните песни имаат важна функција и цел.

– Докажано е дека тие имаат моќ да ја ублажат болката и да го смират отчукувањето на срцето – вели музичкиот експерт Ник Пикет.

– Веќе илјадници години, родителите ги заспиваа своите деца со приспивни песни. Тие инстинктивно знаеја дека децата така се опуштаат.

Покрај тоа, песната е забавна, ја зајакнува врската помеѓу родителите и децата, но исто така е и многу лековита кога станува збор за психофизичкиот развој.

Затоа се препорачува како задолжителен ритуал кај деца помали од пет години.

Напиши коментар