Ако пред вас е најважниот настан во вашиот живот, вашата венчавка, сигурно имате желба да заблескате.
Планирањето на венчавката е многу стресно, а соодветнатаправилна фитнес рутина ќе ви помогне да изгледате одлично додека чекорите кон олтарот, но, исто така, ќе направи да се чувствувате еднакво добро од внатре.
Вежбањето, според експертите за фитнес, треба да се прилагоди на моделот на фустанот.
Всушност, во зависност од тоа дали фустанот го покажува голиот грб, подлабоко деколте или планирате да носите венчаница со форма на сирена, важно е да ги изберете вистинските вежби за делот од телото што ќе се потенцира.
Фустани со гол грб
Кога вежбате, се фокусирате на деловите од телото кои се видливи, како што се рацете и стомакот, а грбот често останува занемарен.
Ако сте одбрале фустан со гол грб, важно е да се погрижите тој да биде силен и затегнат и да го поправите држењето на телото.
Можете да го направите тоа со вежби како што е веслањето, повлекувања на лат справата или варијации на повлекувања со шипка.
Деколтирана венчаница
Ако изберете фустан кој е отворен од предната страна, сите погледи ќе бидат насочени кон рамената, рацете, вратот и градите.
Овие делови од телото, најчесто се сметаат за проблематични, но во форма ќе ги доведете со вежби како што се повлекувања од градите до брадата, дипсови или повлекувања со тегови.
Корсет венчаница
Венчаницата со корсет ќе ја нагласи половината и колковите и вашето тело ќе добие облик на песочен часовник.
За попредизвикувачка силуета, важно е да се зајакне стомакот и колковите и да се намали обемот на половината.
Во тоа можат да помогнат вежби како што се седечката руска ротација, странични стомачни со тегови и скокање на јаже.
Венчаница со крој на сирена
Овој модел на фустан максимално ја нагласува фигурата поради што е важно да се работи на силата и да се изберат вежби со кои максимално ќе ги истакнете своите атрибути, особено задникот.
Препораката на фитнес експертите е да правите клекнувања, исчекорувања и мост.
Кратка венчаница
Забавна и заводлива кратка венчаница ќе ги стави вашите нозе во прв план.
Затоа е најдобро да се изберат исчекорувања со скок, странични исчекорувања и вежби за мускулите на задниот дел на надколеницата.