Sweet Home

Приземна семејна куќа со голема тераса

Ако сакате едноставен дизајн и куќа во која сите соби се на едно ниво, имаме вистински предлог за вас.

Американската архитектка Ана Вилијамс уште еднаш нè израдува со интересни идеи …

Не ви е потребна куќа на три спрата за удобно да се сместат сите членови на семејството.

Куќата што ја презентираме е изградена на едно ниво, а посебно внимание и е посветено на прекрасната тераса на која се излегува од дневната соба.

Удобната дневна соба е резервирана за омилен агол во текот на зимата, додека убавата тераса ја заменува во летните месеци.

Големата маса во градината која потсетува на трпезаријска е идеална за летни вечери или семејни собири, додека дизајнерката издвои во аголот и простор за уживање покрај импровизиран оган.

Во прилог на прекрасната тераса, посебно внимание се посветува на кујната со огромен шанк и забележуваме дека дизајнерката тука вовела блага нота на рустикалност.

Наш предлог е ако имате слична бела гарнитура, како што е прикажано тука, да ја декорирате со весели перници.

Сите други идеи може да се видат во нашата галерија.

Уживајте!

Напиши коментар