Sweet Home

Пролетно чистење според Feng Shui

Пролетта е време на будење, враќање на енергијата, вљубеност и нови почетоци.

Сега е вистинското време повторно да ги преиспитаме сите новогодишни одлуки и да почнеме да ги реализираме.

Ако сеуште сте уморни и немате енергија, следете ги докажаните ефективни совети на Feng Shui за враќање на енергијата.

Целта на пролетното чистење треба да биде да се решите од сето она што повеќе не ви служи и да направите простор за нова, свежа енергија и да и овозможите да влезе во вашиот живот.

– Состојбата на вашата кујна ја претставува вашата здравствена состојба. Направете си услуга и добро исчистете ја кујната. Ако можете да чистите со природни супстанции, направете го тоа наместо да користите штетни хемикалии. Чистењето на сите површини ќе овозможи непрекинато движење на Chi енергијата.

– Внесете најмалку три нови вазни со зелени растенија во домот. Тие, покрај освежување на вашиот простор, симболизираат смиреност и нови почетоци. Ако планирате да ги ставите во кујната, изберете рузмарин или нане. Двете растенија се силно поврзани со здравјето.

– Ако сакате да поканите нова љубов во вашиот живот, направете простор.

За да може нова личност да влезе во вашиот живот, таа има потреба од доволно простор. Мора буквално да создадете простор за отворен проток на енергија за да испратите од вашиот дом сигнал дека сте подготвени да дозволите некој да влезе во вашиот живот.

Чисто, средено и организирано – нека бидат целите на пролетното чистење и вашето тело ќе го следи вашиот дом. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија, возбуда и креативност.

Напиши коментар