← НАЗАД НА БОЗА

Променете ја оваа работа и веднаш ќе го засакате вежбањето

Променете ја оваа работа и веднаш ќе го засакате вежбањето
203 Читања

Креирање на рутина која вклучува секојдневно (или барем неколку пати неделно) вежбање не е најлесната работа на светот.

Физички напор, откажување и посветеност на работите на кои до сега не сте се посветувале со целосно внимание, не звучат премногу забавно.

Сепак, вашата вистинска страна знае дека таквиот начин на живот ќе ви донесе многу добри работи. Но, што ако сето ова не е доволно за да се одлучите да вежбате?

Постои една, сосема едноставна, а можеби и сосема логична работа што треба да се промени.

Заборавете на осаменоста!

Ви треба некој кој ќе ве натера да се придвижите и да се промените на подобро.

Покрај тоа, потребен ви е некој кој ќе ве пофали кога ќе стигнете до целната линија. Ви треба мотиватор.

Не, не зборуваме за вашиот духовен водач. Промената што ја барате е наоѓањето на  фитнес партнер. Сосема е ирелевантно дали тоа ќе биде вашиот љубовен партнер, колешка од работа, сестра или сосед.

Важно е да ги споделите истите вредности, но исто така да се стремите кон истите цели. Јасно ви е дека се е полесно во пар, па истото правило важи и за тренинзите.

Покрај тоа, во пар побрзо и полесно ќе стекнете навика, но исто така ќе ги остварите и резултатите. Кога ќе дојдат тешки моменти, ќе имате некој што ќе ве турне и ќе ве натера повторно да се активирате.

Освен тоа, кога гледате како другите се менуваат, нема да сакате да ги разочарате и сами ќе работите на промената.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk