← НАЗАД НА БОЗА

Прва земја во светот што бара од секој турист да положи заклетва: Кој ќе ја прекрши, плаќа парична казна од еден милион долари

Прва земја во светот што бара од секој турист да положи заклетва: Кој ќе ја прекрши, плаќа парична казна од еден милион долари
100 Читања

Зголемувањето на туризмот носи профит, но не носи ништо добро за животната средина. Една мала земја, односно 13-тата најмалата држава во светот, Palau, одлучи да стави крај на овој проблем.

Бидејќи има само 20.000 жители, но годишно ги посетуваат повеќе од 160.000 туристи, оваа бројка веќе почна да влијае врз животната средина, но локалните власти одлучија да воведат во своето законодавство заклетва!

Всушност, секој патник кој доаѓа во Palau на својот пасош ќе добие заклетва која ќе мора да ја потпише пред да му биде дозволено да влезе во земјата.

– Деца на Палау, ветувам дека ќе ја почитувам оваа заклетва како ваш гостин, дека ќе го чувам и штитам вашиот прекрасен и единствен островски дом. Се колнам дека ќе го третирам нежно и ќе го истражувам свесно. Нема да земам ништо што не е мое. Нема да му наштетам на оној кој што нема да ми наштети на мене. Единствените отпечатоци што ќе ги оставам се оние кои ќе се исперат – вели заклетвата.

Палау, на тој начин, стана првата земја во светот која го воведе овој вид на заклетва во својот закон.

Заклетвата се заснова на долгогодишните напори за запирање на прекумерното уништување и искористување на природните ресурси. Исто така, децата во училиштата ќе почнат да учат за екологијата и заштитата на животната средина, а на возрасните ќе им бидат понудени и посебни програми за учење на одговорно однесување.

А дека властите не се шегуваат со оваа заклетва ја докажува казната што туристите ќе ја платат ако ја прекршат – милион долари!

Палау е архипелаг од околу 200-тина природни вулкански острови лоцирани во Тихиот Океан помеѓу Јапонија и Австралија.

Островите се богати со чисти плажи и шуми, а имаат засолниште за ајкули со големина на Калифорнија. Исто така, властите го забранија дупчењето на морското дно поради нафта, како и комерцијалниот риболов.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk