Motherhood

Првиот лек за постпородилна депресија

Постпородилната депресија се случува многу често, што го прави овој нов лек многу важен.

Одобрен е првиот лек направен за третман на постпородилна депресија, состојба која и се случува на една од седум мајки. Досега, на жените кои страдаат од постпородилна депресија им се препишани вообичаени антидепресиви.

Нов лек, наречен брексанолон, им беше даден на волонтерите преку инфузија во клинички студии и значително ги намали симптомите на постпородилна депресија во споредба со плацебо лекот.

Овој лек е дизајниран да влијае на хормоналните „патишта“ врз кои антидепресивите не можат да влијаат досега.

Постпородилната депресија, за разлика од другите депресивни нарушувања, има многу специфична причина – пораѓај.

Брексанолонот е синтетичка форма на хормон алопрегнанолон, чие ниво драматично се намалува по породувањето. Хормонот, а со тоа и овој лек, е регулиран од невротрансмитер на ГАБА, кој влијае на депресијата и промените во расположението.

Пронаоѓачите на оваа дрога сега работат на развој на пилула која ќе го има истиот механизам на дејствување, односно, која ќе ја лечи постпородилната депресија.

Исто така, се покажа дека овој нов лек помага и при сериозни депресивни нарушувања.

Она што е одлично во врска со овој лек, велат експертите, е тоа што делува брзо, и што веќе една доза добиена преку инфузија нуди олеснување, односно намалување на симптомите.

Сепак, она што не е добро е тоа што овој лек е премногу скап – чини 34.000 долари и бара од пациентот да биде во болницата 60 часа за да добие инфузија.

Сепак, експертите се надеваат дека ова откритие ќе доведе до нови откритија на лекови за постпородилна депресија, што ќе им помогне на жените, а кој ќе биде попристапен.

Напиши коментар