
Лесен и вкусен, послужен со шлаг!
Мандарините се омилено „зимско“ овошје, убава ужина и ја содржат доста потребната доза на витамин Ц.
Но, од нив можат да се направат и интересни десерти, како што е овој!
Состојки:
Половина чаша шеќер
Три лажици густин
Две чаши сок од мандарина
Три јајца
Три лажици путер
Две лажички сок од лимон
Екстракт од ванила
Една четвртина лажичка сол
Шлаг
Подготовка:
Во тенџере на среден оган, измешајте шеќер, густин и сол, и додадете сок од мандарина. Со постојано мешање, оставете мешавина да зоврие и нека се вари една цела минута. Тргнете ја од оган, и оставете да се олади малку.
Матете ги јајцата во посебен сад се додека не се запенат и постепено додадете ја топлата мешавина во нив. Важно е постојано да се меша за да не се создадат грутки.
Кога ќе добиете еднолична смеса, вратете ја во тенџерето и ставете ја на тивок оган.
Додадете путер, екстракт од ванила и сок од лимон и добро измешајте.
Поделете го добиениот крем во садови за сервирање и ладете го во фрижидер најмалку два часа.
Не грижете се ако не изгледа премногу густ, бидејќи ќе се згусне кофа ќе се излади.
Украсете со шлаг и сервирајте!