← НАЗАД НА БОЗА

Пуканки со кари

Пуканки со кари
88 Читања

Здрава ужинка со малку калории!

Пуканките содржат повеќе антиоксиданти од овошјето и зеленчукот, а многу е важно како се подготвуваат.

Состојки:

– 100 г пуканки во зрно

– 50 гр путер

– Кари

– Сол

Подготовка:

На дното на тефлонски сад ставете путер и чекајте да се стопи. Кога путерот ќе се стопи, истурете ги пуканките, а потоа посолете ги.

Покријте го садот и почекајте да почнат пуканките да пукаат. Штом зрната почнат да пукаат, треба да се протресе садот, за пуканките на дното да не загорат.

Кога звукот на пикањето ќе застане, тргнете го садот од плотната. Пуканките ставете ги во чинија и зачинете ги со кари по желба.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk