Новости

Рафа се жени!

Познатиот тенисер неодамна се вери, а сега подготвува луксузна свадба во Мајорка.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал (32) следниот месец „ќе застане на лудиот камен“.

Според шпанските медиуми, Надал во средината на јуни ќе го каже своето судбоносно „да“ по 14 години долга врска со Марија Френсис Перељо (30).

Уште не е познат точниот датум на свадбата, но се шпекулира на датум во следниот месец, некаде помеѓу средината на јуни и јули.

Затоа одеднаш се појави вестта дека Рафа лесно може да го пропушти Ролан Гарос поради медениот месец, но потврда за овие тврдења се уште нема од неговиот тим.

Во врска со церемонијата на венчавката, нема сомневање дека ќе биде гламурозна. Сè ќе биде организирано во Мајорка, а според првите информации околу 500 блиски пријатели на оваа двојка ќе присуствуваат на настанот.

Што се однесува до храната, Рафа и Франсиска ќе имаат поинакво мени од другите гости кои ќе имаат на располагање традиционална шпанска кујна базирана на риба и месо.

Тенисерот и „Циска“ имаат околу 14 години и се знаат цел живот, бидејќи и двајцата израснале во ист крај.

Таа во моментов работи како директорка на хуманитарната фондација на тенисерот, која ја основал уште пред десет години, а дипломираше бизнис.

Напиши коментар