Новости

Растурила!

Ништо друго не очекувавме од неа.

На доделувањето на Брит наградите во средата вечер, настапи и американската пејачка Пинк (39), која веќе 20 години е на музичката сцена.

Нејзините експлозивни настапи ја радуваат публиката ширум светот, па ни овој пат таа не разочара кога дојде да ја прими наградата за извонредни придонеси кон музиката.

На сцената таа се спушти од таванот и во различни сценографии ги редеше хитовите “Walk me home”, “Just like fire”, “Try”, “Just give me a reason”…

За најдобар британски соло уметник, наградата ја освои Џорџ Езра, а пејачката која победи во таа категорија е Џорџа Смит. За видео на годината од Велика Британија беше избрано видеото за песната на групата Little Mix  “Woman like me”, а најдобриот сингл е “One kiss” од Дуа Липа и Калвин Харис.

Погледнете како изгледа кога работат професионалци:

Напиши коментар