Постојат многу негативни митови за маќеите и очувите, па лесно е да се претпостави дека вашето дете ќе реагира негативно кога ќе го запознаете со новиот партнер.
Сепак, повеќето деца сакаат да ги видат своите родители среќни и ќе се обидат подобро да се приспособат на вашиот партнер.
Но, иако сакаат да прифатат нова личност кај децата се создава одреден страв дека ќе изгубат дел од односот кој го имаат со вас.
Особено ако веќе долго време сте биле сами, вашето дете е навикнато да ве има само за себе, па веројатно ќе биде тешко да го прифати фактот дека сте блиски со некој друг.
Чувството на љубомора е природно, така што на детето му е потребна ваша помош за да разбере дека природата на односот помеѓу вас и вашиот партнер е сосема различна од природата на односот родител-дете.
Објаснете му на вашето дете дека нема да го сакате помалку затоа што сакате некој друг, па детето ќе може да го прифати вашиот нов партнер без страв од тоа дека нова личност ќе влијае врз вашата врска.