Motherhood

Развијте го чувството на вредност кај детето

Ако сте вработена мајка или татко, можеби имате грижа на совест, бидејќи не поминуваат доволно време со вашето дете. Сепак, поважно од квантитетот на времето што го поминувате со детето е квалитетот.

Она време кое го поминувате заедно, покажете му колку го сакате и колку вреди.

Наградувајте го детето и дадете му позитивен feedback – Вашето дете ја мери својата вредност и достигнувања врз основа на она што вие го мислите за него.

„Многу добро, тоа беше тешко, и ти сепак успеа“ е вистинска музика за детските уши. Нагласете му на вашето дете дека е во ред да прави грешки и дека тие се составен дел од животот.

Практикувајте активно слушање – Слушајте го внимателно детето, повторете го она што сте го слушнале и дадете му на вашето дете поттик да продолжи да зборува. Обидете се да разберете што сака детето да ви каже.

Помогнете му на детето да ги разбере своите чувства и да научи да ги искажува вербално.

Критикувајте го однесувањето, а не детето – Лесно е да паднете во стапица и постојано да го критикувате детето. Но, премногу критики му кажуваат на детето дека е лоша личност и дека со својата глупост предизвикува лоши настани.

Тоа е многу штетно и остава долгорочни последици. Бидете јасни која постапка не ви се допаѓа и дека сте лути на оваа постапка, а не на детето.

Почитувајте ги интересите на детето – Слушајте го вашето дете кога зборува за пријателите, училиштето, итн.

Поттикнете независност – Поттикнете го детето да ризикува и да ги испроба новите работи. Успехот ќе ја зголеми самодовербата, а понекогаш и детето треба да учи од своите грешки.

Смејте се со детето – никогаш нему. Фокусирајте се на неговите успеси – пливање, музика …

Пофалете сè во што е добро детето.

Напиши коментар