Овој брз појадок ќе ви биде добредојден кога немате идеја што да зготвите брзо и вкусно.
Друга предност на овој рецепт е таа што станува збор за здрави пица брускети, кои ќе ве заситат, но немаат многу калории.
Се што ви треба …
- 2 парчиња исечен леб
- Исецкани домати
- 6 лажици безмасно сирење
- 2 лажички маслиново масло
- Сецкани црни маслинки
- Босилек
- Сол и бибер
Подготовка:
Истостирајте ги парчињата леб. Премачкајте ги со сирење и ставете домати и маслинки на лебот. Прелејте ги со малку маслиново масло и посипете ги со босилек.
Сето тоа зачинете го со сол и бибер, по желба.