Ако имате искинати краеви и оштетена коса не грижете се!
Овој рецепт за домашните силиконски капки ќе ви послужи како брза помош …
Проблематичните краеви и сувата коса се проблем на речиси секоја втора жена, а многумина бараат спас во скапите силиконски капки!
Еве како да направите силиконски капки од само две состојки, пишува Lovesensа.
Sushmita е влогерка од Индија со најубава коса, а нејзината работа е да им покаже на девојките од целиот свет како да ја негуваат својата коса. Но, рецептот што таа неодамна го покажа ги воодушеви сите дами, бидејќи веќе нема да мора да трошат пари на силиконски капки!
За да се прероди косата и да го решите проблемот со искинатите краеви, во чаша со полномасен јогурт (грчки јогурт) истурете една лажица глицерин, измешајте и домашните силиконски капки се подготвени.
Натопете ги краевите и нанесете ја смесата на краевите да отстои два до три часа, а потоа исплакнете ја косата.
Иако овој рецепт е корисен, природен и интересен, треба да знаете дека ова е само прва помош.
Ако краевите на вашата коса се во критична состојба, подобро е да ги скратите, а потоа редовно да ги негувате.