← НАЗАД НА БОЗА

Рецепт за среќен живот

Рецепт за среќен живот
34 Читања

Формула која, со внимателна примена, гарантира среќен живот… професорот Тод Кашдан во математичка формула ги претставува принципите кои се вредни за да се потсетиме на нив!

Професор доктор Тод Кашдан смета дека ја открил најбараната формула во историјата на човештвото – онаа која на луѓето ќе им гарантира среќен живот.

Овој необичен рецепт за среќа се состои од шест фактори, кои со правилно комбинирање овозможуваат душевна благосостојба.

Факторите се: живејте во моментот (M), бидете љубопитни (C), правете го она што сакате (L), мислете на другите (T), негувајте ги односите со другите (N) и водете сметка за своето тело (B).

Вака изгледа добитната формула за среќа – Да се чувствувате добро = (Mx16 + Cx1+ Lx2) + (Tx5 + Nx2 + Bx33)

Доктор Кашдан ги користел податоците од истражувањето кое беше спроведено во Британија на национално ниво, а се однесува на тоа како Британците вистински се чувствуваат.

Иако на прв поглед не е баш јасно како комбинацијата на букви и бројки може да донесе среќа, Кашдан е убеден дека токму тоа е формулата за живот во благосостојба.

-Не постои никаква тајна што е поврзана со чувството на лична среќа, но ако овие шест фактори внимателно се практикуваат во одредена комбинација, ќе се најдете на прагот на посреќен живот, вели Тод Кашдан, и додава дека за секој сегмент од формулата е потребен труд кој на крајот сигурно ќе се исплати.

Значење на факторите  за среќен живот:

(M) Живејте во моментот – ценете ги звуковите, мирисите и погледите кои секојдневно ве опкружуваат.

(C) Бидете љубопитни – истражувајте ги непознатите, мистериозните, сложените аспекти од вашиот живот.

(L) Правете го она што го сакате – Нема подобри темели за среќен живот од активностите кои не радуваат. Најдете време за нив на работа, како и дома.

(T) Мислете на другите –Споделувајте комплименти, правете добри дела и слушајте ги другите.

(N) Негувајте ги односите со другите – Посветете му време на партнерот, пријателите или членовите на семејството барем два пати дневно.

(B) Водете сметка за своето тело – Ова не подразбира исцрпувачки вежби и броење на калории. Обидувајте се да јадете здрава храна и вежбајте барем 30 минути дневно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk