Motherhood

Ризикот од одложување на мајчинството

Жените кои го одложуваат мајчинството имаат повисоки шанси за инфаркт од оние кои раѓаат во дваесеттите години, според неодамнешните истражувања.

Истражувањето спроведено во Медицинскиот центар на Северна Каролина вклучувало 12 милиони бремени жени и открило дека инфаркт имале околу 100.000.

Врз основа на годините на жените погодени од инфаркт, се констатира дека ризикот од инфаркт за време на бременоста за четириесетгодишните жени е околу 30 пати повисок од ризиците на 20-годишна жена.

Триесетгодишничките исто така го имаат овој ризик, но тој е малку помал, околу 7 пати повисок од ризикот кај помладите жени.

Се претпоставува дека постарите жени се загрозени поради потесните артерии и потешко го поднесуваат стресот за време на бременоста.

Напиши коментар