Секогаш е вистинското прашање – дали тоа што родивте некого значи дека ја завршивте целата работа?
Родителите би требало да обрнат внимание на најновата студија која докажала дека децата на пушачите имаат четири пати поголем ризик да се разболат од атеросклероза кога ќе остареат.
Значи, нема пушење пред децата.
Најновата студија докажа дека дури и ако само повремено сте запалиле цигара во близина на деца, го загрозувате нивното здравје во подоцнежните години. Интересно е дека не е важно дали тоа го правите редовно или само повремено.
Научниците во Финска следеа 26 години од детското здравје чии родители биле пушачи. Во оваа популација на деца, тие откриле четири пати поголем ризик од атеросклероза во зрелоста.
Атеросклероза е задебелување на артериските ѕидови што може да се манифестира преку кардиоваскуларни болести како што се срцеви или мозочни удари.
Бидејќи специјалистите ги исклучија другите фактори на ризик како што се дебелината, тие несомнено утврдиле зголемен ризик од развој на артериосклероза кај горенаведената група на деца поради навиките на пушење на родителите.
Студијата, исто така, покажа дека речиси и да нема разлика дали родителите се постојани или повремени пушачи, но голема разлика е дали пушеле во близинана децата или не.
Доколку пушеле на одредена оддалеченост од децата, ризикот бил значително помал, но сепак двојно поголем отколку кај децата на родителите непушачи.