← НАЗАД НА БОЗА

Родителите сакаат децата да ги научат на овие лекции

Родителите сакаат децата да ги научат на овие лекции
44 Читања

Ако некој ве праша што сакате да ги научите вашите деца, што би одговориле?

Не е лесно да се биде родител, а оние кои имаат деца тоа најдобро им е познато. Да се биде родител бара многу одговорност, трпение, љубов …

Наместо да се стремиме да бидеме совршени родители (што веројатно не постои), приоритет во воспитувањето на децата нека ви бидат оние работи кои се најважни за вас.

А кои се тие работи?

Токму на ова прашање одговараа околу 2.000 родители во контекст на истражувањето, а се покажа дека најважно им е децата да научат да ги почитуваат другите луѓе.

Покрај тоа, тие сакаат децата да знаат колку е важно да бидат благодарни за се што имаат, секогаш да бидат искрени, никогаш да не се откажуваат и да учат од своите грешки.

Во топ десетте лекции на кои родителите би сакале да ги научат своите деца, се најдоа и лекциите за тоа да не ги осудуваат другите, да ги признаат своите грешки, да се грижат за нивното физичко здравје, да ги сослушаат другите пред да прозборат, да поминуваат време со луѓето кои ги сакаат.

Се разбира, покрај овие “големи” и навистина важни животни лекции, родителите сакаат да ги научат децата некои основни животни вештини.

На пример, тие сакаат да ги научат децата да готват, да одржуваат хигиена, добро да раководат со парите, но и да јадат здрава храна.

На кои лекции би сакале да го научите вие вашето дете?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk