Мојата кујна

Ролован сладолед

Десерт што ќе ги израдува сите домашни!

Ако некогаш сте се запрашале како се прават ролни од сладолед – тука е рецептот.

Состојки:

– домашен сладолед или купен (ако направите домашен, потребно ви е: пакување слатка павлака, две јајца, две лажици џем од малини, арома од ванила)

– кандирано или свежо овошје по избор

– шлаг за украсување

Изматете ја слатката павлака со ванила, а посебно изматете ги жолчките со шеќер и белка. Потоа рачно соединете ги сите три мешавини.

Оваа мешавина измешајте ја со џемот од малина или друг џем по желба.

Истурете ја смесата во тепсија, која можете да ја ставите во замрзнувач, со околу половина сантиметар дебела. Оставете неколку часа да се замрзне.

Со лопатка направете ролни што ќе ги ставите во чинија или чаша и посипете малку кандирано овошје и шлаг.

Пријатно!

Напиши коментар