← НАЗАД НА БОЗА

Романтични кошули со отворени раменици – омилено парче оваа пролет

Романтични кошули со отворени раменици – омилено парче оваа пролет
107 Читања

Пролетта и летото најавуваат лелеави, романтични и впечатливи модни парчиња, кои на посебен начин ја нагласуваат женската природа.

Кошули се еден од омилените парчиња облека, за секој од нас, бидејќи тие се неверојатно практични и се вклопуваат во комбинации, погодни за секоја пригода.

Оваа пролет, ќе посветиме посебно внимание на кошулите со отворени раменици, кои целосно ја нагласуваат женственоста.

Без разлика дали станува збор за фустани, туники, класично бели, тексас или кошули со невообичаени ракави, тие се дефинитивно едни од омилените парчиња во нашата гардероба.

Оваа сезона се особено популарни женствените и сензуални кошули, со отворени раменици, кои исто така истовремено се и доволно casual, за да можат да се вклопат во секој изглед и секоја пригода.

Широкиот спектар на овие кошули има во понудата различни материјали и модели, така што е сигурно дека секој од нас ќе најде барем едно парче по свој вкус.

Тие се особено добри во комбинација со фармерки, па со ова парче и фармерки, можете да изгледате шик и тренди во секое време!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk