Дали вака го замислувате идеалниот семеен стан?
Ако замисуваме како изгледа совршенството на современо уредениот стан, тогаш руските дизајнери, нашите мисли ги претворија во ремек-дело.
Руското дизајнерско студио „Своја“ од едноставен дуплекс создаде вистинско семејно гнездо. Белата боја го отвора просторот во секоја соба, а додавањето на сина и црна создава чувство на топлина.
Едноставната дневна соба со аголна гарнитура е совршено место за семејно собирање. Од дневната соба се поминува во трпезаријата и кујната, кои имаат доза на елеганција и совршена хармонија на бела боја и боја на дрво.
Во иста нијанса се и модерните скали, а посебен ефект остава уникатниот лустер. Спалната соба е украсена во топли бои, додека темните нијанси и интересни плочки од различни бои ја направија бањата да изгледа како идеална просторија за спа третман.
На првиот спрат се наоѓа и мини-дневната соба, но она што особено возбудува е нежната бебешка соба. Без премногу играчки и јаки бои, оваа специјална детска соба потсетува на минималистички стил со допир на совршена елеганција.
И покрај тоа што изгледа премногу едноставно, пердувот на ѕидот ја разбива монотонијата и потсетува дека тоа е соба за радост и фантазирање.