Правилната и здрава исхрана игра голема улога за нашата работа на сопственото здравје, но и за витката линија. Ако сакате рамен стомак, постојат неколку намирници што треба да ги изоставите од своето мени.
5 намирници кои сигурно ни стојат на патот кон рамен стомак:
Црвено месо
Ако сакате да го зголемите внесот на протеини и да бидете на диета која има низок удел на јагленохидрати, вашите намери се добри. Но, ако тој протеин го добивате од погрешни извори, тогаш тоа може да предизвика контра-ефект и создавање на масни наслаги на стомакот. Затоа, кога станува збор за протеините, консумирајте риба, пилешко и мисирка и отстранете го црвеното месо од диетата.
Шеќер
Знаеме дека шеќерот има многу штетни ефекти врз нашиот организам, а исто така учествува и во создавањето на масни наслаги на стомакот. Сепак, не е добро, потполно да се исфрли од исхраната, па затоа е најважно да се обрне внимание на дневниот внес на шеќер и да се задржи во рамките на нормалните граници.
Алкохол
Калориите од алкохолните пијалоци, секако се еден дел од нашите масни наслаги на стомакот, па сепак, доколку имате мерка, повремено можете да се почестите со чаша добро вино.
Месни преработки
Овие намирници изобилуваат со транс-масни киселини, кои служат за зачувување на храната што е можно подолго, но тие се штетни за нашиот организам и претставуваат закана за нашиот стомак во вид на масни наслаги.
Млечни производи
Иако повеќето од нас не можат да замислат оброк без млечни производи, ако сакаме рамен стомак, неопходно е да се минимизира консумацијата на овие намирници. Овие намирници можат да содржат заситени масти, кои се голем непријател на рамниот стомак.
Се разбира, ниедна намирница не треба целосно да биде исклучена од исхраната, но ако сакате стомакот да ви биде рамен, ќе обрнете внимание за да го минимизирате внесот на овие намирници.