Здраво тело

Сакате здрави заби и непца? Во виното е спасот!

Неодамнешните истражувања често нагласуваадека умереноста во консумацијата на вино има позитивни ефекти врз здравјето. Една нова студија од Шпанија покажува дека умереното користење на виното е добро за здравјето на забите и непцата.

Истражувачите истакнуваат дека природните растителни хемикалии од виното – полифеноли – ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат заболување на непцата (парадентоза).

Досега, бројни истражувања покажаа дека алкохолот има многу малку хранливи материи, нема витамини и минерали, и содржи многу калории, па се смета лошо за здравјето.

Сепак, се повеќе и повеќе неодамнешни студии покажаа дека полифенол оксидантот во виното, особено во црвено, има позитивен ефект врз здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем.

Познато е дека оксидантите ги уништуваат и го штитат организмот од штетните молекули и бактери, па токму тоа била причината да се испита дали антиоксидансите влијаат на здравјето на забите и непцата, поради хемиската реакција на организмот врз храната која започнува во устата.

Денес, речиси сите лекари препорачуваат разни средства и препарати за заштита и испирање на устата за подобра орална заштита од бактерии и габички од храната.

Ова истражување покажува дека полифенолите од вино се уште подобри во заштитата на забите и непцата, од сите расположливи производи на пазарот.

Сепак, истражувањето нагласува дека, како и во сè друго, умереноста игра клучна улога во заштитата. Прекумерната консумација на вино поради киселоста ја оштетува глеѓта на забите, па сите овие придобивки може да се заборават.

Напиши коментар