Убавина

СЕ ТУШИРАТЕ ЕДНАШ ДНЕВНО? ЕВЕ ВО ШТО ГРЕШИТЕ: дерматолозите укажуваат на грешките при бањањето

Туширањето е секојдневна рутина, а докторите укажуваат на грешките при бањањето.

Туширањето е ритуал кој сите го практикуваме и кој е составен дел од нашите животи. Но некогаш се поставува прашањето колку пати треба да се тушираме на ден.

Дерматолог од Минхен, Кристоф Лиебич го изнесе своето мислење, а тоа е еднаш на ден. Со него се согласи и дерматолог Ута Шлосергер.

„И јас сакам да се туширам двапати дневно, но не е препорачливо. Осетливата кожа бара помалку миење“, вели таа.

Два до три пати неделно е доволно

Дерматологот Liebich советува да користите pH-неутрален сапун за да не го уништите заштитниот слој на кожата. Беше истакнато дека со сапун треба да се мијат само следните пет дела на телото:

  • пазувите
  • дланките
  • стапалата
  • средината од стомакот
  • грбот

Кога станува збор за останатите делови, експертите препорачуваат употреба на влажна крпа. Исто така, температурата на водата не смее да биде повисока од 35 Целзиусови степени, за да не се исуши кожата.

Миење на косата

Секојдневното миење не е штетно, но препорачано е да избегувате шампони со многу состојки.

Напиши коментар