← НАЗАД НА БОЗА

Секое дете постаро од две години не треба да спие во текот на денот

Секое дете постаро од две години не треба да спие во текот на денот
33 Читања

Ако вашето дете не сака да спие во текот на денот, не мора да го терате.

Ова го велат експертите за спиење, кои предупредуваат дека попладневниот сон го нарушува квалитетот на ноќниот сон кај деца постари од две години.

Иако многу родители го сметаат попладневниот одмор како добредојден одмор, новото истражување покажува дека всушност има негативно влијание врз здравјето.

Според упатствата издадени од Националната фондација за спиење, децата постари од две години имаат потреба од 10 до 13 часа спиење дневно.

Сепак, истражувањето објавено во “Archives of Disease in Childhood” открива дека децата кои продолжуваат да спијат во текот на втората година од животот подоцна страдаат од лош квалитет на сон.

Професорот Карен Торп од Универзитетот Квинсленд се согласува дека попладневниот одмор може да биде знак дека децата премногу спијат.

„Родителите треба да разберат дека дневниот и ноќниот сон не се исти. Ако спиете во текот на денот, само го пореметувате ноќниот сон кој што е биолошка потреба“, појасни таа.

Заклучокот на експертот е дека децата над две години кои не спијат попладне ќе спијат подобро во текот на ноќта, а тоа е сепак најважно за повеќето родители.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk